ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавата на претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој побара прочистување на изборните списоци, како услов за избори, кои би се квалификувале како фер и демократски:
– Очигледно господинот Заев ја користи истата тактика на господинот Црвенковски за барање алиби и изговори, зошто не треба да има избори.
Дури и воопшто не се разликува во изборот на зборови од него ако ги споредите нивните прес конференции, те нешто недостасува, те нешто бара, те нешто не им чини. Тие зад лажната храброст која сакаат да ја демонстрираат за да си го охрабрат членството, кое и самото со потсмев гледа на овие нивни настапи, евидентно покажуваат во нивниот поглед во очите израз на изгубеност и надеж избори да не се случат, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.




