Published: Thursday, April 5, 2018 21:45
Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА Скопје, ја започна кампањата “Декриминализација СЕГА!”, во која учество зедоа повеќе македонски видни јавни личности кои даваат поддршка на заложбите на БИЛКА за декриминализација на канабисот во Република Македонија.
– Чест да ја отвори кампањата има проминентниот македонски новинар Огнен Јанески кој е воедно и еден од основачите на БИЛКА – велат од организацијата.




