Published: Saturday, August 31, 2013 09:40
Република Македонија уште од почетокот на сириската криза силно ги подржуваше напорите на меѓународната заедница за ставање крај на насилството во Сирија.
– Во таа насока, ние ја подржуваме работата на инспекцискиот тим од ОН, чија задача е прибирање на дополнителни докази за употреба на хемиско оружје, што предизвика смрт на стотици невини цивилни лица, соопшти Министерството за надворешни работи.
– Република Македонија се придружува кон меѓународната јавна осуда на ваквиот чин со кој се повредуваат основните меѓународни норми. Таквите нарушувања не смеат да останат неказнети, стои во соопштението од МНР.




