Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ХОПС: Евтин, безбеден и лесно достапен лек за зависниците

0
By Нова ТВ on August 31, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 31, 2013 11:50

Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје соопшти дека според последниот извештај на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал од 2013 година, глобално меѓу 102.000 и 247.000 луѓе умреле од предозирање во 2011 година.

На овој ден, наведуваат од Здружението, се сеќаваме на оние кои се сретнале со смрт или добиле трајна повреда како резултат на предозирање од дрога, а исто така, се пренесува порака дека трагедијата од предозирањето од дроги може да се превенира.

Од ХОПС наведуваат дека опијатното предозирање се уште претставува значителна закана за здравјето и животите на лицата што употребуваат опијати. ХОПС во 2013 година спроведе истражување за проценка на постоечката ситуација со која ќе ја помогне иницијативата за изнаоѓање системско решение за намалување на штетите од опијатното предозирање, со што би се заштитиле здравјето, животите и благосостојбата на населението.

Само во Скопје, Службата за Итна медицинска помош и домашна посета при Здравствен дом-Скопје и Клиниката за токсикологија во периодот од 2009 до 2012 година имале 865 интервенции при случаи на опијатно предозирање, посочуваат од ХОПС.

Од Здружението препорачуваат да се воведе современ и ефикасен систем за евидентирање на случаите на опијатно предозирање кој ќе овозможи соодветно следење, анализа и планирање идни интервенции, налоксонот како ефтин и безбеден лек да биде широко достапен во службите за Итна медицинска помош и домашна посета, аптеките, надлежните одделенија во болниците и центрите за третман на зависности, да се изнајдат решенија за дистрибуција на налоксонот до корисниците на дроги преку програмите за намалување на штети спроведувани од страна на здруженијата на граѓани кои работат на ова поле, а сите засегнати страни активно да работат на намалување на стигмата и дискриминацијата кон корисниците на дроги и нивните семејства.

Се проценува дека повеќе од 70.000 животи се загубени поради предозирање од дроги во Европа во првата декада од 21 век. EУ известува за 6.500 смртни случаи поради предозирање од дроги, се потврдува во извештајот на Европскиот мониторинг центар за дроги и зависност од дроги.

Според истражувањето на Евроазиската мрежа за намалување на штети, во регионот на Источна Европа и Централна Азија, во кој регион спаѓа и Република Македонија проценето е дека околу 3.274.000 лица инјектираат дроги, а најмалку две третини од корисниците известиле дека се случило да бидат предозирани, додека четири од 100 случаи завршиле фатално. Во многу земји од овој регион корисниците се плашат да повикаат итна медицинска помош при случаи на предозирање од дроги.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.