Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Холандските инвеститори ги донесе Струмица, не Самак

0
By Нова ТВ on August 31, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 31, 2013 13:00

„Ако граѓаните на Република Македонија се сведоци дека Премиерот Груевски со помош на своите медиумски поданици, секојдневно ја лаже и манипулира јавноста, тогаш нема причина да се чудат што тоа без проблем го прави и еден владин министер, како што е Веле Самак“, регира денеска градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.

Цитирајќи ја народната мудрост “Кој лаже, тој и краде“, Заев вели дека Груевски и Самак ја потврдуваат вистинитоста на оваа изрека.

Спротивно од лагите на министерот Самак, вистината е следната:

– На инвеститорот му е понудена локација со комплетна комунална инфраструктура изградена од Општина Струмица (атмосферска и фекална канализација, електрична мрежа, асфалтиран пат со пристап за влез и излез до и од локацијата, мост, водоснабдителен систем со вода за пиење и техничка вода, современи тротоари околу локацијата и соодветно улично осветлување).

– Близината на локацијата до градот која изнесува само 100 метри, овозможува инвеститорот да нема дополнителни трошоци околу можен транспорт на идните вработени.

– Општина Струмица ја организираше целата постапка околу донесувањето на ДУП за урбан блок бр. 9 и нејзиното комплетно финансирање, решавањето на имотно-правните односи и исплата по извршената експропријација, изготвувањето на геометарските нумерички податоци, имотните листови и историјата од Катастар, изводите од Деталниот урбанистички план а ја изврши и комплетната процедура за организација на купопродажбата на локацијата.

– Новиот инвеститор доби понуда за партиципирање на Општина Струмица во изградбата на неопходната трафостаница и тоа во висина од 70% од целокупната сума на чинење.

– Новиот инвеститор неколку месеци имаше на располагање луѓе од општинската администрација кои беа задолжени да му асистираат околу сите поединости кои беа предмет на негов интерес.

– Со помош на општинската администрација на инвеститорот му беше организирана посета на повеќе стопански субјекти, кои изразија полна подготвеност за соработка, помош и поддршка на холандската компанија.

Јавно ги прашуваме Премиерот Груевски и Министерот Самак:

– Кои се ангажманите на Владата и понудените поволности до инвеститорот од Ваша страна за да се реализира оваа инвестиција? Набројте барем неколку.

– Дали и за случаите со веќе постоечките 36 домашни и странски инвестиции во нови производствени капацитети во Струмица, заслужна е Владата на Никола Груевски?

– Зошто за наводната понуда до инвеститорот сте ја одбрале опозиционата Струмица која ја води лидерот на СДСМ, кога секому му е јасно дека оваа општина со години намерно ја заобиколувате? Ако за изговор ви послужи Агрокор, тогаш добро знаете дека Струмица беше желба и избор на хрватската компанија а не Ваш избор, но дури и во тој случај се обидовте да го минимизирате влогот на Зоран Заев и Општина Струмица.

– Зошто го заборавате или го забошотувате случајот од 2008 год. кога мултинационалната компанија “Стијафилко“ сакаше да реализира голема инвестиција во Струмица? Направивте се’ таа инвестиција да пропадне, само Заев да не поентира од истата, а сето тоа на штета на потенцијалните 3.000 вработени.

– Зошто Премиерот од Мечкин камен ја повика опозицијата да се вклучи во изнаоѓање на странски инвестиции, а кога таква инвестиција по заслуга на опозицијата станува реалност, тогаш безобразно ја присвојува.

Од партијата на власт милуваат да кажат: “Долга е раката на ВМРО ДПМНЕ“. И навистина било така. Таа рака знае да го краде тоа што не и припаѓа, се вели на крајот о денешната рекција Општина Стримица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.