НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бебињата на Гинекологија биле родени предвреме со неразвиени органи

0
By Нова ТВ on April 10, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Само едно од починатите бебиња е родено во соодветниот термин, но со медицинска аномалија на органите, која е во рамките на неможност да се исправи, сооштуваат од Министерството за здравство.

Бебињата починале поради предвремено раѓање проследено со екстремно неразвиени органи и исклучително ниска родилна тежина, се вели во соопштението од Министерството за здравство во врска со информацијата дека на Клиниката за гинекологија и ова тромесечје починале 35 новордоенчиња. И покрај напорите на странски експерти кои работат со лекарите бројот не се намалува од претходните години.

Од Министерството за здравство велат дека алармот е вклучен и се преземаат итни мерки за справување со состојбата.

“Министерството за здравство ја информира јавноста дека во првите три месеци од годинава на Клиниката за гинекологија биле родени вкупно 1.155 бебиња.

Од нив 144 биле предвреме родени и биле третирани на одделот за интензивна нега, а 35 починале. Починатите бебиња во периодот од јануари до крајот на март 2018 година спаѓаат во категоријата предвремено родени бебиња, а во продолжение презентираме детален табеларен приказ со старост и со здравствената состојба на бебињата при раѓањето.

Истакнуваме дека само едно од починатите бебиња е родено во соодветниот термин, но со медицинска аномалија на органите, која е во рамките на неможност да се исправи.

Според статистиката, околу 80% од бебињата починале поради екстремно неразвиени органи и поради исклучително ниска родилна тежина.

Исто така информираме дека трендот на смртност на предвреме родени бебиња бележи пад. Во 2016 во првите три месеци од годината починале 38 предвреме родени бебиња, додека лани 41 бебе.

ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство е најголемо родилиште во земјава и на клиниката се примаат најкомплицираните, најтешки случаи, а се изведуваат и сите предвремени породувања.

Министерството за здравство укажува дека, за жал состојбите, кои ги затекнавме во најголем дел од родилиштата, не можат да се поправат само за неколку месеци. Ќе треба долго време да се надомести недостигот на стручен кадар, бидејќи повеќе од 10 години не се планирало и не создавал кадар, во согласност со потребите на здравствените установи.

Имајќи го сето ова во предвид, Министерството за здравство пред два месеца објави сет мерки, со кои веруваме дека ќе ја сведеме на минимум смртноста на новороденчињата и на мајките. Дел од нив се краткорочни и веќе се реализираат.

Од 15 до 31 март, согласно Акцискиот план на Владата на Република Македонија за намалување на смртноста на мајките, новороденчињата и доенчињата,  Министерството за здравство, во соработка со Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА) во Скопје, изврши проценка на условите во родилиштата и го дефинираше нивото на здравствени услуги во нив. Беа посетени Клиника за гинекологија и акушерство–Скопје, Специјална болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“–Чаир, сите општи болници, клиничкиболници во Тетово, Битола и во Штип, потоа приватните болници Систина, Ремедика, Санте плус, Плодност, како и здравствените домови во Валандово, Виница, Делчево, Кратово, Крушево, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Ростуше, Свети Николе, Струмица и во Струга.

Исто така, во соработка со УНФПА, од 27 до 31 март беше спроведена обука за ефективна нега на новороденчињата. Беа обучени вкупно 24 здравствени работници, односно осум тима составени од гинеколог, неонатолог и акушер. Практичниот дел од обуката беше спроведен од 2. до 6. овој месец.

Преку заедничка соработка, Министерството за здравство, Светската здравствена организација, УНИЦЕФ и УНФПА, во периодот од 19 до 24 март, 2018 година извршија проценка на трендовите на неонатална смртност и подобрување на исходот од бременоста и здравјето на децата во Република Македонија.

Оваа анализа, како и извештаите од проценката на состојбите во родилиштата очекуваме многу скоро да бидат готови. Врз основа на нив, ќе бидат спроведени дополнителни соодветни и итни мерки за намалување на смртноста на мајките и на новороденчињата“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.