Папата Френсис го прекрши уште еднаш папскиот протокол појавувајќи се, видливо расположен, на фотографија со една група на тинејџери кои беа во посета на Ватикан и се снимаа на мобилен телефон.
Сликите, испратени на Facebook страницата на еден од тинејџерите, која ја искористи како слика на профилот, ги обиколи во саботата социјалните мрежи во светот.
Младите на сликата се од парохија од Северна Италија, кој во средата се сретна со папата, а потоа му пријдоа да се сликаат.
” Не се работи за маркетинг. Папата сака да биде со луѓе, додека неговиот претходник сакал да биде со книги”, рече Бепе Северињи, коментатор на “Кориере дела сера”.
Папата Фрaнcис (76) безброј пати ја наруши ватиканската традиција, откако тој беше избран во март, вклучувајќи редовни телефонски повици кон обични луѓе кои му пишуваат писма.
Видео: Папата Францис со уште еден невообичаен потег- ги благословува Харли-Дејвидсон моторџиите на неделната миса