Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски на првиот училишен час беше во основното училиште Димитар Миладинов, се ракуваше со премиерот на Р. Македонија Никола Груевски и неговата сопруга Боркица и посака успех на нивната ќеркичка Анастасија која токму во ова училиште во Општина Центар ќе влезе во светот на знаењето. Во ова училиште децата од оваа година ќе учат во многу почиста средина, затоа што после 58 години сменети се подовите.

Жерновски се дружеше и ја проследи приредбата организирана за новите ученици во ОУ Гоце Делчев, а во ОУ Јохан Хајнрих Песталоци го одиграа првиот фудбалски натпревар на реконструираното игралиште.

„Задоволен сум како помина првиот училишен ден на првачињата во 7-те ОУ во општината. На првачињата сакам да им порачам дека општина Центар секогаш ќе се грижи за нив. Ќе имаат отворена врата, секогаш може да се надеваат на нашата поддршка. До родителите-да ги подржуваме секогаш децата, но да не дозволиме премногу да се мешаме во нивниот избор и нивниот живот, затоа што ним им припаѓа иднината“, рече Жерновски.

Градоначалникот беше и во ОУ Коле Неделковски, кое доби ново фудбалско игралиште со вештачка трева.




