Околу 60-мина стручни, искусни и посветени наставници и професори од основните и средните училишта во Охрид се на непрофесионален, недостоинствен и неколегијален начин отстранети од наставно-образовниот процес, реагираат од СДСМ во Охрид.
„На 38 наставници од основното образование и на 20 професори од средното, со повеќегодишно работно искуство не им се продолжени договорите за времено ангажирање. Не затоа што се нестручни, неискусни и не ги задоволуваат потребните критериуми, туку само затоа што биле ангажирани од страна на претходната локална власт“ се вели во реакцијата.
Според СДСМ, владејачката ВМРО-ДПМНЕ со тоа на најдрзок начин си игра со достоинството, дигнитетот и професионалниот интегритет на отпуштените наставници и професори.
„Ова е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ којашто партизира се што може во државата водејки се исклучиво од лични тесно-партиски интереси. Со тоа јасно покажуваат дека грижата за учениците, наставниците и наставно-воспитниот процес во градот им е на последно место“, велат од СДСМ.




