„И покрај тоа што претставниците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на чинот на потпишување на Извештајот ставија забелешки односно несогласување за правните квалификации искажани во истиот, би сакал да истакнам дека целосно застануваме на имплементирање на препораките содржани во Извештајот“, стои во писмото кое премиерот Груевски му го испрати на еврокомесарот Штефан Филе.
„За таа цел веднаш пристапивме кон конституирање на Работна група за спроведување на препораките на Извештајот кои ќе помогнат во надминување на причините кои ги предизвикаа немилите настани и ќе придонесе за дополнителна политичка стабилност во општеството“, пишува премиерот.
Владата, пишува Груевски, предводена од ВМРО ДПМНЕ целосно се вложи во конституирањето на ад хок Комисијата. Успешно ги надминавме предизвиците кои стоеја на патот на избор на претседател на Комисијата, а на висина на задачата бевме и при усвојување на комисискиот Извештај.




