СДСМ не се менува ниту со новиот Претседател на Општинската Организација Охрид, велат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
– Тешка лага и манипулација е дека стручни наставници и професори биле отстранети од образовниот процес во училиштата во Охрид. Единствената промена се однесува на оние кадри кои биле времено ангажирани со договор на одредено време и за кои рокот на временото вработување истекoл .Сите наставници и професори се на своите работи места. Проблемите кои СДСМ сам ги генерирал ги упатуваме да ги решава во својот двор и да престане со невистини и лаги да ја манипулира јавноста, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
>>СДСМ: Непрофесионално отпуштени наставниците во Охрид
Образовниот процес во Општина Охрид отпочна комплетно и беспрекорно ,со многу инвестирање во училиштата и во таков ритам ќе тече низ целата учебна година затоа што за ВМРО ДПМНЕ образованието е врвен приоритет.




