На првиот училишен ден, еуфоријата и купувачката треска не стивнуваат. Родителите купуваат се, од тетратки, блокови, прибор за пишување, до учебници и ранци. Повеќето од учебниците кои децата ги добиваат на користење од училиштата со години наназад, се во лоша состојба. Искинати, со страници кои недостасуваат, без корици, тие и оваа петта година по ред, ќе им бидат на располагање на учениците. Учениците сепак, се оптимисти велат дека ќе снајдат некако со учењето.
Според правилата учениците се должни да ги чуваат учебниците , а родителите треба да платат доколку се случи некој учебник да биде оштетен. Но, за нив ваквата обврска е многу нелогична со оглед на тоа што неможе да се работи со голем дел од учебниците бидејќи се распаѓаат.
На веб страна на Министертвото за образование стои ценовник за секој оштетен учебник посебно. Родителите на децата кои ги оштетиле книгите треба да платат 70 проценти од продажната цена на учебниците. Од Министерството за образование не коментираат зошто цената која треба да се плати за еден оштетен учебник е за 20 до 25 проценти повисока од минатата година, иако станува збор за учебници кои се веќе користени неколку години.
Наставата годинава ја следат околу 280 000 ученици. Во средношколските клупи седнаа околу 20 049 ученици и 20 774 првачиња.