Обвинителите во Камбера ги отфрлија обвиненијата против Лидија Думбалоска која беше обвинета за уценување на својот љубовник, поранешниот македонски амбасадор во Австралија, Перо Стојановски, јавува „Канбера Тајмс“.
На Думбалоска денес требаше да и се суди во Врховниот суд за провала, кражба и уценување, но судот решил да ги отфрли обвинувањата откако случајот добил пресвртница поради кредибилитетот на Стојановски. Според доказите неговиот кредибилитет бил целосно доведен во прашање што и судијата изјавил дека според сведочењата, произлегува дека Стојановски имал девојки низ цела Австралија кои не знаеле една за друга, а сопругата ја уверувал дека сеуште не може да најде куќа во Камбера.
Сепак Лидија Думбалоска ќе се соочи со обвинението за кражба.
Таа беше обвинета за нелегално влегување во домот на екс-амбасадорот во декември 2010, и дека извршила кражба на неговиот лаптоп и сметките.
Стојановски тврдеше дека таа барала 153 000 долари и 40 000 евра за да го врати неговиот компјутер. Тој пред истражувачите рекол дека компјутерот содржи информации од чувствителен карактер околу неговата работа во амбасадата, вклучувајќи ги и комуникациите со македонскиот премиер и министерот за надворешни работи.
Четириесет-годишната Думбалоска беше уапсена на Нова Година. Во 2011 година на судот му беше изјавено дека таа се обидувала да ја уништи кариерата на Стојановски.
Како што пренесува „Канбера Тајмс“, документите во судот велат дека таа се јавувала до членови на фамилијата на Стојановски, и протекувала информации за неговите патувања до македонските весници.
Думбалоска се изјасни како невина по обвиненијата, тврдејќи дека имала дозвола да влезе на имотот, додека сите други поседувани работи биле поделени.
Таа беше упатена до Врховниот суд пред речиси една година, но нејзиното судење се одложи поради правните препирки помеѓу поротата и одбраната.
Судијката Хилари Пенфолд го отфрли обвинението и ги укина строгите услови за кауција кои забрануваа нејзино контактирање со Стојановски.




