Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шанса или „модерно ропство“: Kатар бара помошнички од Балкан

0
By Нова ТВ on September 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 4, 2013 08:26


Босна и Македонија потпишаа проблематичен договор за „помошнички/собарки“ со Катар, а се чини дека истото ќе го направи и Косово овој месец. Но на што ќе наидат балканските работнички кога ќе пристигнат во земјата богата со нафта?, вака започнува анализата на Balkanist во која се опишани условите во кои работат и правата кои ги немаат куќните помошнички на работа во Катар.

Во оваа анализа, претставени се сведоштва на неколку жени кои работеле во Катар, измамите со договорите, предолгите работни часови, релациите со спонзорот, платите и правата на куќните помошнички од Македонија и БиХ .

– Властите од Катар, пустинскиот шеикат, кои во исто време живеат во најбогатата земја на светот, моментално регрутираат жени со македонско или босанско државјанство кои би живееле во домашни услови (опишани како „ропство во модерно време“ и „договорено ропство“).

Вознемирувачки, политичарите во Босна, Косово и Македонија не се осврнале на овие проблеми, туку сепак на јавноста и зборуваа како Катар е прекрасно место за работа и целосно безбеден за работниците.

За Македонија, за БиХ, за Косово, Катар е голема шанса да се заработат пари, вака политичарите ја опишуваат „шансата“ да се замине на работа во земјата богата со нафта.

Се разбира, не сите помошнички во Катар имаат лошо искуство, а најлошото на оваа тема е исполнето со стереотипи за кротките жени од третиот свет и за „варварството“ на арапскиот свет. Но доволно странски работници биле малтретирани во Заливот за да се предизвика сериозен проблем.

Ова значи дека властите во Босна и Македонија беа неверојатно несовесни кога го потпишаа договорот. Филипините, Непал и Индонезија сите направија обиди да обезбедат одредено ниво на заштита на нивните мигранти работници во Катар. И кога на Камбоџа и беше понуден истиот договор како на Македонија и БиХ, земјата рече дека не го прифаќа.

Спротивно на тоа, балканските влади не ставија било какви заштитни мерки за да се обезбеди жените од Македонија и БиХ да не завршат недоволно платени, експлоатирани, злоупотребувани или мртви . Причините да се испратат жените од Балканот на работа во Катар се стапките на невработеност. Босна, Косово и Македонија ги имаат едни од највисоките стапки на невработеност во Европа.

Поранешниот емир на Катар, ја посети Македонија во неколку наврати за да дискутира можни инвестиции во секторот за туризам. И неодамна, тој на Македонија и додели луксузна амбасада во центарот на Доха „без никакви надоместоци“.

Во Босна, емирот и се умилкуваше на владата отворајќи ја Ал Џезира Балкан. Тој исто така го донираше најголемиот дел за изградба на исламски центар и џамија (промовирана како „најубавата џамија во Европа“) на јадранскиот брег во соседна Хрватска.

Кошмарот на куќните работнички во Катар често започнува на овој начин: Додека се сеуште во својата земја, идниот работодавец на помошничката потпишува договор за исплата на одредена плата . Откако ќе пристигне, работодавецот ја намалува платата . И кога е веќе таму, невозможно е да се направи нешто друго освен да се прифати пониска плата. Таа не би можела да ја напушти државата без одобрение на нејзиниот работодавец.

Под закрила на „кафала“ системот на Заливот овој начин на екплоатација е многуброен, каде што „спонзорот“ односно работодавецот е всушност сопственик на вработениот од странство. Куќните помошнички не смеат да ја напуштат земјата, да изнајмуваат апартман, да менуваат работни места, да отвораат банкарски сметки, или да се здобијат со возачка дозвола без согласност на спонзорот. Визата на помошничките се исто така поврзани со работодавците, така да кога би се откажала – дури и поради физичка злоупотреба или неплаќање, нејзината виза станува автоматски невалидна. Таа станува илегалец подложен на тешки казни па дури и затвор.

Исто така вообичаено е за работодавецот да ги принуди да ги предадат патните исправи, вклучувајќи ги и пасошите, и да ги задржат предметите за времетрањето на договорот. Ова значи дека домашните работнички се буквално заглавени во Катар.

Спонзорот исто така мора да преземе целосна правна одговорност за дејствијата на нивните вработени, нешто што некои спонзори го користат како изговор да ги лишат работничките од „привилегии“, како на пример правото да поседуваат мобилен телефон или право на слободен ден .

Една жена на Qatarliving.com за помошничките напиша: „Ако им дадеш слободен ден тие одат и имаат секс“. Другите се чини се согласуваат со неа – нема слободни денови. Друга објаснува дека ја чува својата помошничка затворена со фамилијата цело време, со придружба до продавниците за купување санитарии. Друга пишува дека инсталирала скриена камера во малата спална соба на помошничката.

Некои од малтретирањата претрпени од страна на домашните работнички во Катар се болни за читање.

Неодамна, 17-годишна помошничка беше силувана повеќепати од страна на нејзиниот работодавец од денот кога пристигнала во Катар. Тепања и вербална злоупотреба се честа појава . Малтретирањето на странските работници стана речиси нормална работа, а тоа ги влоши релациите на Катар со неколку земји.

Непал, Филипините, Индонезија сите тие имаат несогласувања со Катар околу условите за работниците. Така, емиратот мораше да бара евтина работна сила на друго место.

Катар сега се надева на ангажман на куќни помошнички од Македонија, БиХ, и Косово бидејќи нема потреба „да им гарантира одредени права“ или минимална плата. Според Агенцијата Ел-Алавја во Доха, Македонците и Босанците заработуваат минимум 190 долари на месец.

На основа на работни часови тоа е плата која му се дава на роб . Просечниот обем на работа е околу 60 часа неделно, но 100 часа работа се доста честа појава. Со месечната плата на македонските и босанските куќни помошнички се работи за околу 0,48 долари на час.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.