Published: Wednesday, September 4, 2013 08:42
Претседателот на Република Хрватска Иво Јосиповиќ денеска и утре ќе престојува во официјaлна посета на Република Македонија.
На првиот ден од престојот во Скопје Јосиповиќ ќе има средба со неговиот домаќин, македонскиот претседател Ѓорге Иванов, а утре ќе разговара со премиерот Никола Груевски и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
За време на посетата Јосиповиќ ќе се сретне и со претставниците на хрватската заедница во Македонија.
Посетата на Скопје е дел од мини турнејата на Јосиповиќ низ регионот. Хрватскиот претседател пред доаѓањето во Македонија ја посети Црна Гора, а од Скопје ќе отпатува во Косово.




