Иницијативата на Хрватска за спомениците од антифашистичката борба на просторот на земјите од поранешна Југославија да се најдат под заштита на УНЕСКО, како што објавува „Вечерњи лист“ била тема на состанокот кон средината на јули организирана од хрватскиот амбасадор во Париз, Иво Голдстеин, кој воедно е и постојан претставник во УНЕСКО.
Предлогот на Хрватска, како што објавува весникот, бил да се покрене постапка за да влезат на списокот на УНЕСКО за светското културно наследство, антифашистичите и партизанските споменици кои се насекаде низ земјите од поранешна Југославија. Предвидено е секоја земја да кандидра одреден број на споменици.
Според „Вечерњи лист“ иницијативата на Голдстејн била презентирана пред амбасадорите на Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, додека словенечките и црногорските амбасадори не можеле да присуствуваат поради спреченост.
За Голдстеин овие споменици почнале да се градат по Втората светска војна и во изградбата учествувале илјадници луѓе од сите републики и покраини на поранешна СФРЈ.
– Изградбата на антифашистичките, партизански споменици бил проект, за кој бил задолжен државниот врв на поранешна Југославија. Во земјите од источниот блок како и во западните земји не постојат слични споменици, додава весникот.




