Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политиката не смее да влијае врз верскиот живот

0
By Нова ТВ on September 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 4, 2013 10:57

Струшкиот муфтија Салим Сулејмани и митрополитот дебарско-кичевски, Тимотеј, денеска на заедничка средба со струшкиот градоначалник Зијадин Села треба да најдат излез за смирување на тензиите што настанаа пред десетина дена, при обидот да се постави камен-темелник за обновување на црквата „Свети Димитрија” во селото Октиси.

Во ова струшко село, со над 4.000 жители, околу десет отсто се православни Македонци, а мнозинството Македонци – муслимани, кои во последните години етнички различно се декларираат поради партиско-политичка конјуктура, се вели во анализата на Дојче веле.

Овде никогаш немало меѓуверски проблеми и се надевам дека и во иднина ќе биде така, уверува струшкиот муфтија Салим Сулејмани.

„Тензиите мора да се смират, а политиката не смее да влијае врз верскиот живот. Не знам кој сака да внесе политика, ама ако некој има таква идеја тоа веднаш мора да се спречи. Тоа им го реков и на претставниците на ОБСЕ кои го посетија селото пред неколку дена. Не е важно колкав е проценот на верници од која било вероисповед. Каде што има верници, треба да има и верски објект”, вели Сулејмени.

Муфтијата вели дека лично ги смирувал тензиите во Октиси пред десет дена. „Кога ми јавија дека има проблем, веднаш дојдов. Ја ставив чалмата на глава, да се знае дека дошол муфтијата, иако повеќето медиуми лажно објавија дека селскиот имам ги смирувал протестите на муслиманските верници. Еден по еден ги разубедив да се вратат дома. Присутна беше и полицијата и јас им благодарам што помогна да не се случи никаков инцидент. Јас сум оптимист дека ќе се надминат сите недоразбирања, со разговор и добра мисла. Но, ме загрижуваат некои изјави, како онаа на свештеникот Зоран Поповски дека ‘во Октиси ќе се случи народ и дека ќе дојдат 10.000 православни верници’. Тие изјави не водат кон смирување на состојбите”, потенцира струшкиот муфтија.

Отец Зоран Попоски, надлежен старешина на црковните одбори за селата Октиси, Вевчани и Горна Белица, вели дека ако сакал да се случи народ ќе ги повикал верниците уште на денот кога била блокирана изградбата на црквата.

„Јас знам што е меѓуетничка и меѓуверска толеранција. Ме канат невладини организации да држам предавања на таа тема. Кога видов како се блокира изградбата на црквата, водејќи се од богословското учење дека молитвата е најсилното оружје, се молев да надвладее верата и разумот. И му благодарам на Бога што ги сослуша моите молитви. Тој ден нам ни беа згазени човековите права, бевме понижени и спречени да влеземе на плац на МПЦ. Јас не знам зошто воопшто се преговара со градоначалникот на Струга. Ние имаме валидна градежна дозвола за почеток на изградба на црквата, која истекува на 20 септември, и ние до тој датум мора да го поставиме камен-темелникот. Ако треба ќе побараме полициска асистенција, за да се овозможи функционирање на правната држава”, категоричен е отецот.

Црковниот одбор располага со фотографии од малата црква возобновена во 1974 година, која поради големо и опасно оштетување на ѕидовите самите биле принудени да ја урнат во 2009 година. Имаат уверение од 1954 година дека тоа е црковен имот, кој некогаш имал 1.000 квадратни метри, а денес само 419. Сметаат дека тоа е доволно за да ја возобноват малата црква, една од осумте, според која селото Октиси го добило името од грчките зборови „окто” и „клис”, што значи осум цркви.

Аналитичарот Даут Даути оценува дека случајот со Октиси е идентичен на оној за градење џамија во с. Лажец, Битолско.

„Таму дозволата за градење џамија е ‘свежа’ уште од 2004 година, но жителите од православна вероисповед не дозволуваат нивните сограѓани-муслимани да градат џамија таму каде што тие тврдат дека постоела уште од време турско. За надминување на тоа недоразбирање не помогна ни Октиси, ни локална власт ни верски старешини. Е, сега, кога се случуваат протести на муслиманите од Октиси, сите ја повикуваат ИВЗ да помогне со својот авторитет. Таа молчи, оти кога имала потреба од помош од МПЦ, не ја добила. А и се сомневаат дека зад сето оваа е вмешана политиката”, оценува Даути. Според него, ова е добра можност МПЦ и ИВЗ да седнат заедно и да се заложат и црквата во Октиси и џамијата во Лажец да се изградат за доброто на верниците, а не тие да служат за поделби и за кавги.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.