Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна состанокот на Брдо-Бриони процесот во Скопје

1
By Нова ТВ on April 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 27, 2018 16:36

Во скопскиот хотел „Александар Палас“ попладнево почна состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони.

Учесниците на почетокот ги пречекаа македонскиот претседател Ѓорге Иванов, како домаќин и претседателите на Хрватска и на Словенија, Колинда Грабар Ќитаровиќ и Борут Пахор, како претставници на земјите иницијатори на овој процес.

На состанокот присуствуваат и претседателите на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ,  на Албанија Илир Мета, на Косово Хашим Тачи, како и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ. Специјални гости на состанокот во Скопје се претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.

Според агендата, предвидено е заедничка прес-конференција да одржат претседателите Иванов, Грабар Ќитаровиќ, Пахор, бугарскиот премиер Борисов и претседателот на ЕС Доналд Туск.

Поради гостувањето на шефовите на држави во Скопје одреден е прв степен на безбедност и тоа од копно и од воздух. Хеликоптери го надлетуваат главниот град, а има и посебен сообраќаен режим на неколку булевари.

Состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони во Скопје ќе го проследат вкупно 156 акредитирани претставници на медиумите, 116 од Македонија и 40 од странство.

По завршувањето на официјалниот дел од состанокот, претседателот Иванов за своите гости ќе приреди вечера во еден скопски хотел. На менито се традиционална македонска храна и домашни вина, а ќе ги забавува македонскиот бенд Баклава, со нивни авторски и изворни македонски песни.

Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година на иницијатива на претседателите на Словенија и Хрватска. Називот на ицијативата е поради споделената идеја на претседателите на двете земји, на Брдо кај Крањ се одржува првиот состанок на лидерите од регионот, а Бриони, е во чест на ко-организаторот и партнерот во иницијативата, Хрватска.

Главната цел на Процесот Брдо-Бриони е европска интеграција на земјите од регионот и стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.