НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денес почнува новата приказна „Евробаскет“ за Македонија

0
By Влатко Чаловски on September 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Македонската кошаркарска репрезентација стартува денес. Надежите кај навивачите не стивнуваат, играчите ја смируваат атмосферата. Првенството го отвораме против Црна Гора, земјата со која и ја започнавме нашата Одисеја на Евробаскетот во Литванија 2011 година и во кој прв натпревар загубивме. Тоа е доволен мотив за „капитенот Антиќ и компанија“ да ги израмнат сметките со репрезентацијата која годинава во своите редови го нема НБА кошаркарот на Минесота Тимбервулфс, Никола Пековиќ.

Низ свечена церемонија одржана на плоштадот во Љубљана синоќа, Генералниот секретар на ФИБА, Камил Новак, Европското првенство во кошарка 2013 во Словенија, го прогласи за отворено.

Но овој пат и покрај отсуството на многу од НБА ѕвездите, товарот за нашата репрезентација ќе биде уште поголем. Во 2011 во Литванија бевме аутсајдери без голем респект а богами и наши очекувања, а од денес до 22 септември другите репрезентации знаат со што се соочуваат па оттаму не очекува и потешка игра, за што сведочи и изјавата на германскиот селектор Франк Менц кога поразот на своите кошаркари во Улм, го опиша како пораз од една од најдобрите европски селекции. Влегуваме со нешто поразличен состав но со истата стартна петорка која летото 2011 година им го направи на сите Македонци поубаво.

Летово тргна супер за репрезентацијата: најголемата вест е потписот на капитенот Перо Антиќ за НБА тимот Атланта Хоукс, враќањето на Тодор Гечевски по иницијатива на своите соиграчи и освојувањето на купот во Улм, Германија.

Главните во репрезентацијата Антиќ, Мекејлеб, Гечевски, Илиевски, браќата Стојановски, Чековски, Самараџиски и останатите од тимот, годинава ќе се натпреваруваат во групната фаза против Босна на кошаркарот Мирза Телетовиќ, Латвија каде што клучната улога во тимот ја носи Даирис Бертанс, Клеиза од Литванија, Црна Гора и Вучевиќ, и Србија која годинава во својот тим ќе го нема плејмејкерот Милош Теодосиќ.

Фаворит број еден за освојување на европскиот трофеј е Шпанија со коефициент 2.4.
Втор фаворит е Грција со коефициент 4,5 но и Франција. Златен медал за Македонија коефициентот вели тешко, бројката е 50.

Според изјавите на селекторот Алеш Пипан, ќе играме меч за меч.

„Подготовките минаа во најдобар можен ред. Играчите максимално се залагаа и сега само чекаме првенството да започне. Нашиот стил на работа е познат. Одиме меч по меч, мислиме само на следниот противник и ништо повеќе“, изјави тој.

За очекувањата со кои се соочува кошаркарската репрезентација говори и кошаркарот кој се очекува да биде предводник во нападот Лестер Бо Меккејлеб

– Ќе биде тешко да се повтори она што го направивме пред две години. Но ќе се обидеме да направиме најдобро од оваа нова ситуација, најдобро што можеме, напомена популарниот Бо.

>> Перо Антиќ сака вечерва да и се реваншираме на Црна Гора

За капитенот Антиќ ова е последно репрезентативно натпреварување.

– Ова европско првенство дефинитивно ќе биде последно репрезентативно играње за мене. Сега секое утро телото ми кажува, ова е дефинитивна порака, вели тој.

Мозаикот е нареден, се очекува нова епизода напори на кошаркарите, и среќна завршница на турнирот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.