По едно часовна средба владиката Тимотеј и струшкиот муфтија позитивно ги оценија деншните разговори за надминување на спорот во струшкото село Октиси.
Денеска на иста маса седнаа струшкиот муфтија Салим Сулејмани и митрополитот дебарско-кичевски, Тимотеј, кои со посредство на струшкиот градоначалник Зијадин Села требаше да најдат решение за смирување на тензиите што настанаа пред десетина дена, при обидот да се постави камен-темелник за обновување на црквата „Свети Димитрија” во селото Октиси.
Закажана е нова средба без да биде прецизиран терминот.
Владиката Тимотеј во изјава за НОВА вели дека ИВЗ и МПЦ никогаш немале генерален проблем ова локален проблем кој лесно ќе го решиме.
По однос на барање до судот за воспоставување времена мерка за Решението за градба на параклисот во село Октиси поднесено од градоначалникот на Струга, Зијадин Села, митрополит Тимотеј за НОВА минатата недела рече дека на тој начин само ќе се добие време за да се реши проблемот и да се смират страстите меѓу жителите во селото од христијанска и муслиманска вероисповест но, не станува збор за отстапување од осветувањето на темелите на некогаш постоечката црква во Октиси.
Во Октиси живеат над 4.000 жители, околу десет отсто се православни Македонци, а мнозинството Македонци – муслимани.




