Повеќе од очигледна е дволичноста во владеењето и управувањето со нашата држава на ВМРО – ДПМНЕ и неговите новопечени коалициони партнери, како Стевче Јакимовски, со сé уште нерегистрираната партија „ГРОМ“, изјави на денешната прес-конференција на Социјалдемократскио сојуз, портпаролот Петре Шилегов.
Од СДСМ велат запрепастувачки е како во исто време и во двете општини, Охрид и Карпош, се преземаат идентични активности кон лица кои не се или одбиле да потпишат пристапници за членство во нивните политички партии што резултира со најгруба партиска чистка на професионални државни службеници, наставници и професори. Помеѓу избрканите наставници има и жена која е во осмиот месец од бременоста.
„ВМРО – ДПМНЕ на најгруб можен начин отстрани околу 60-тина стручни и искусни наставници и професори од наставно – образовниот процес во општина Охрид, без притоа да се води сметка како тоа ќе се одрази на квалитетот на наставата на учениците и нивното образование“, надполни Шилегов.
Тој обвинува дека методите на владејачката партија во општина Карпош ги спроведува и нивниот коалиционен партнер Стевче Јакимовски.
Шилегов објаснува дека вработувањата од повремен тип и преместувањето во разни канцеларии на веќе вработените се одвива на несоодветен начин.
„Во услови кога интензивно се вработуваат нови лица со статус „времено вработени“, не им се продолжени договорите за работа на 11 лица. Дополнително, уште 11 редовно вработени државни службеници се преместени во просториите на месните канцеларии во Злокуќани, Бардовци затоа што одбиле да потпишат пристапници за челнство во партијата на градоначалникот. Станува збор за долгогодишни работници во општината, дел од нив и на раководни места, кои со години биле оценувани со највисоки оценки, по партиска директива се деградирани од истиот градоначалник“, рече портпаролот на СДСМ.
Од партијата посочуваат дека правото на луѓето да работат е право кое нема никаква врска со избори, ниту со партии и прашуваат, дали за момент кога ги носат овие одлуки се запрашале дека одлучуваат за судбини на цели семејства.




