ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека општина Струмица „признала дека примила пари за инфрастркутурна изградба“ на зоната каде ќе се реализира холандската инвестиција.
>> Власта шири невистини за Заев и холандската инвестиција
„Ако општина Струмица не добиеше пари во висина од над 52 милиони денари, што е поддршка од Владата, тогаш местото каде се одлучија да инвестираат холандските инвеститори ќе продолжеше да зјае празно“, одговори Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ на тврдењата на секретарот на општина Струмица, Кирил Парталов откако тој ја обвини владејачката партија за ширење невистини за инвестицијата и за претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев.
>> ВМРО-ДПМНЕ: Холандската инвестиција ја донесе Владата
Од партијата велат останува уште Зоран Заев да се извини поради лагите кои ги изјавувал во јавноста. За нив, тоа би било чесно и доблесно однесување кое се очекува од еден лидер на опозиција.




