Полицијата ги уапси поранешниот врховен судија Александар Бошњаковски и неговиот син Мартин, а сеуште трага по малата Александра, нејзиниот татко Стефан и бабата Снежана.
МВР поднесе 4 кривични пријави за одземање на малолетник и запуштање на дете, а обвинителството ќе бара и притвор за случајот на 6-годишното девојче кое повеќе од 2 години спротивно на судските одлуки не е со својата мајка.
Членовите на семејството Бошњаковски нема да одговараат само за незаконското држење на Александра туку и за запуштање откако и лани и оваа година не дозволуваат девојчето да појде во училиште.
Утрово бил извршен претрес во 3 стана во Скопје но девојчето не било пронајдено.
Поранешниот судија Бошњаковски уште пред месец и половина призна дека тој знае каде е Александра и дека е подготвен на се, само да ја спречи мајката да биде со својата ќерка.




