Заменик министер за транспорт и врски, Џелал Бајрами во изјава за НОВА вели: „Мислам дека проблемот со тројазичните табли ќе биде надминат и таблите ќе останат, а во меѓувреме останува да се корегираат пропустите кои се направени во постапката“.
Всушност таблите биле поставени без предходно да бидат известени надлежните органи со што била пречекорена постаката од страна на ЈП „Македонија пат“, објаснуваат за НОВА од министерството.
Во меѓувреме истекува жалбениот рок од 8 дена, кој како што велат од ЈП „Македонија пат“ ќе го искори, за да поднесат жалба по одлуката на Државниот инспекторат за транспорт, кој таблите поставени долж автопатот Скопје – Тетово ги прогласи за незаконски.
>>Надлежните бараат да се тргнат двојазичните табли од автопатот
Инспекторатот на Министерството за транспорт и врски со писмена наредба побара отстранување на сите табли за патна сигнализација кои се на македонски, албански и на англиски јазик и кои информираат за местоположбата на Езерото Треска, Кањонот Матка, Попова Шапка, Охрид и Националниот парк Маврово.




