Демократскиот сојуз бара Метју Нимиц, при претстојната посета на Македонија и Грција, покрај средбата со државниот врв, на заедничка средба да ги информира сите парламентарни политички партии, за досегашниот тек на разговорите, за досегашните негови идеи и предлози за решавање на спорот, како и за отпорите и проблемите со кои се соочува.
Иницијативата,како што велат од ДС е во согласност и со Меморандумот за евроинтеграција на Република Македонија, кој наскоро треба да го потпишат политичките партии.
Демократскиот сојуз смета дека на овој начин сите партии ќе преземат дел од одговорноста околу постигнување на евентуален компромис и во иднина овој спор нема да го користат за политички маркетинг.
Демократскиот сојуз оваа иницијатива, ќе ја достави до господинот Метју Нимиц




