Билатералните односи меѓу Македонија и Хрватска се во постојан подем, а со приемот на Хрватска во Европската унија (ЕУ), Македонија доби уште еден пријател во европското семејство, истакнал претседателот на македонското собрание Трајко Вељаноски, по средбата со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ.
За Вељаноски евроатланските интеграции беа определби на двете земји, и заедно го одеа овој пат, но поради познатите причини, Македонија беше блокирана од јужниот сосед.
Хрватскиот претседател Јосиповиќ потенцирал дека неговата земја како и досега, и во иднина ќе ги поддржува евроатланските интеграции на Македонија, а ќе и го пренесе и своето искуство од политичката и техничката сфера за побрза интеграција во Унијата.
Двете земји имаат преземено конкретни мерки за зачувување и развивање на положбата на хрватското и македонското малцинство во двете држави, а покрај ова, Вељаноски и Јосиповиќ разговарале и за економијата, одбраната, транспортот, земјоделството и туризмот во двете држави.




