НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Паралелниот увоз продолжува-одобрени 11 тендери додека се чека законот

1
By Менче Атанасова Точи on May 3, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Над 30 тендери со лекови поминале од почетокот на јануари досега, додека не е донесен Законот за лекови во делот на паралелен увоз, може да се види од веб страната на Јавни набавки.  Од нив, 11 тендери биле со скапи лекови кои се предмет на паралелен увоз, дознава НОВА од извори кои се добро упатени во оваа проблематика.

За целото ова време, додека беше повлечен Законот биле  добиени тендери преку кои се внесувале лекови за за болни од леукемија, лекови за пациентите од малигни заболувања, за ретки болести,  Тоа се набавки за Клиниките за хематологија, за Онкологија, за Инфективни болести, како и тендерот кој беше распишан преку Агенцијата за лекови за болните од хронична миелочна леукемија и сите поголеми тендери на лекови за болниците во другите градови во државата.

Во овој вакум простор, паралелниот увоз на лекови продолжил и се одвивал непречено во период од четири месеци. Измените на Законот за лекови беа повлечени на 27 јануари пред се најдат на Комисија за здравство во Собранието. Законот го повлече министерот Филипче, со образложение дека се потребни мали технични корекции,  кои како што нагласи тогаш, ќе бидат завршени за една недела.

Фарамцевски извори за НОВА објаснуваат дека се додека не биде усвоен Законот за лекови за постапките за тендери ќе важи стариот закон, односно добавувачите на лекови не се должни да достават Сертификат за квалитет директно од производителот.

Тоа е наведно и во Измените на новиот Закон за лекови. Таму стои дека “Постапките  за издавање на одобренија за пуштање во промет на секоја серија на паралелно увезен лек по договори склучени по завршени тендери за јавни набавки до денот на влегување во сила на овој закон, ќе завршат согласно одредбите на Законот за лекови и медицински средства“, (тоа значи по одредби од стариот закон, без Сертификат од производител).

Најголем дел од тендерите се едногодишни или двегодишни што значи снабдувањето на лекови ќе се одвива по старо и преку паралелен увоз, една или две години во зависност колку ќе трае тендерот кој е одобрен пред да стапи на сила новиот Закон за лекови, објаснуваат упатените во проблематиката.

Нашите извори велат дека одолговлекувањето на донесување на Законот додека да завршат сите големи тендери за лекови, во кои влегуваат и скапите лекови, е исклучиво во интерес на веќе познатите и добро етаблирани веледрогерии за паралелен увоз.

„Се покажа дека државата со ваквото одолговлекување ги заштити интересите на веледрогериите кои профитираат преку паралелен увоз на лекови, а не на пациентите“, велат фарамацевтски извори за НОВА.

Загрижени се и здруженијата на пациенти, особено пациентите со дијабетес кои се надеваа дека нема веќе да добиваат инсулини од паралелен увоз. Тие се во неизвесност бидејќи во текот на овој месец треба да биде објавен двегодишниот тендер за инсулини.

„Се надеваме и веруваме дека оваа Влада нема да дозволи да ни се случува исто што ни се случуваше во изминатите четири години. Околу 40 000 пациенти добиваа инсулини без сертификат директно од производителот и без гаранции дека нема прекин на ладниот ланец. Се надеваме дека Законот ќе биде имплементиран пред да биде распишан тендерот за инсулини“, изјави за НОВА, Наташа Деспотовска Димитриевска, претседател на Здружението за детски дијабетес „Баланс МК“.

Од Министерството за здравство потврдуваат дека  веледрогериите, кои имаат добиено на тендер за испорака на одредени лекови, имаат потпишано договор за испорака во согласност со условите, кои се објавени во конкретниот тендер.

Од таму велат дека доколку при објавата на условите на тендерот, добавувачот има во својата објава одредба да достави сертификати од производителот, веледрогеријата е должна да ги обезбеди овие сертификати и потенцираат дека Агенцијата за лекови ја гарантира безбедноста.

„Согласно постојниот Закон за лекови и медицински средства, член 100, Агенцијата за лекови и медицински средства, издава одобрение за пуштање во промет на секоја серија на паралелно увезен лек по спроведена контрола на квалитет. На пример, за постојниот тендер на инсулини, МАЛМЕД спроведува контрола на секоја серија на увезен инсулин. Инаку, тендерот е двогодишен и во моментов има доволно залихи за сите типови инсулин. Министерството, во континуитет презема активности за навремено обезбедување на потребната терапија за сите пациенти со дијабетес“, се вели во одговорот од Министерството за здравство.

Од таму велат дека освен на Клиника за онкологија, каде во рамки на интервентен увоз е реализиран тендер за набавка на лекови, за да не дојде до дефицит, на другите клиники течат постапки  за набавка.

Во Министерството велат дека за тендерот за ретки болести кој го спроведува Министерството за здравство се бара задолжително сертификат. На прашање на НОВА зошто толку долго време беше потребно да се направат потребните корекции во новиот Закон, од Министерството со одговор:

„Во однос на прашањето за законската регулатива информираме дека во процесот на доработка на Законот за лекови се направија дополнителни консултации со стручната јавност, со цел допрецизирање на одредбите, кои се однесуваат на лековите од паралелниот увоз, за да се обезбедат квалитетни, сигурни и ефикасни лекови за пациентит“, велат во ресорното Министерство.

Законот за лекови е во собраниска процедура, откако помина на јавната расправа и првото читање на Комисија за здравство. Пратеници за НОВА велат дека е потребно најмалку две недели до еден месец за да ги помине сите процедури, вклучувајќи ги и амандманите,  за потоа да се разгледува на собраниска седница.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.