Нови предлог имиња за улиците во Скопје – ВМРО, Цивилизации во Македонија и Пресвета Богородица.
Ова бил предлогот кој надвор од дневниот ред бил поставен на гласење пред советниците на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања во општина Аеродром.
Како што информира за НОВА, координаторот на советничката група на СДСМ во општина Аеродром, Љубица Јанчева, предлогот за нови имиња на улиците веќе поминал на истоимената комисија во Градот Скопје.
Двајцата присутни на денешната седнива од ВМРО – ДПМНЕ гласале “за“ новите предлог имиња на улиците – ВМРО, Цивилизации во Македонија и Пресвета Богородица, а тројцата членови од СДСМ биле воздржани.
Сепак мислењето кое го даваат општините за промената на имињата на улиците нема никакво влијание врз конечната одлука која треба да биде донесена од Советот на Град Скопје.




