Published: Thursday, September 5, 2013 15:12
Дипломатски, секој пат ни кажуваат дека постои расположение за решение на спорот за името помеѓу Македонија и Грција, но сите сме свесни дека тоа е чувствително прашање и нашата посета беше во правец на подобра меѓусебна комуникација, изјави денеска вицепремиерот Муса Џафери, кој заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред неколку дена имаше средба со грчкиот министер за надворешни Евангелос Венизелос, јавува Плусинфо.
– Подобрувањето на добрососедските односи беше потенцирано и од Брисел, а оваа посетата беше обид да се подобрат тие односи – нагласи Џафери.




