Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од септември се намалува фондот на часови во второ и трето одделение

0
By Нова ТВ on May 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 7, 2018 13:23

Програмата за второ и трето оддление за наредната учебна година останува иста, но со намален фонд на часови. Реформите во основното образование ќе продолжат со цел изградба на конзистентен систем, изјави денеска министерката за образование и наука Рената Дескоска.

– Новите програми за второ и трето се надоврзување на она што значи прво одделение. Со оглед на тоа што веќе програмата за прво одделение ја објавивме и таа значи намалување на обемот на часови и концентрирање на одредени наставни содржини, нивно вообличување во еден предмет. Исто така, менување и на одредени методи на настава. Не може да запре реформата само на прво, туку ќе одиме и понатаму во градење на еден конзистентен систем. Ставени се на јавна дебата, во тек е собирањето на мислења од лицата кои се стручни и компетентни, но не е идејата да влегуваме и во второ и во трето во исто време туку, ќе оди конзистентно. Значи, прво одделение го најавуваме како пилот со цел да ги провериме предностите и слабостите, а потоа во меѓувреме ќе може и програмата за прво одделение да се простудира пред да влезе целосно во сите училишта. А секако во тој поглед ќе можат и во текот на наредната година да се прават одредени измени и за второ и за трето, рече Дескоска, на прашањето што содржат новите програми за второ и трето одделение.

Таа потврди дека останува иста наставната програма за овие две одделенија за наредната учебна година.

– За второ и трето останува старата, со тоа што дадовме насоки во Бирото за образование да се направат одредени измени во делот на фондот на часови, имајќи пред вид дека законската рамка што ја предложивме и ја ставивме на јавна дебата бара намалување на фондот на часови во основното образование, рече министерката Дескоска по промоцијата на специјално издание на Уставот на РМ со Брајова азбука.

МОН на 2 мај ги објави новите наставни програми и планови за 2 и 3 оддление и побара од сите заинтересиранио да се вклучат во процесот на градење на новиот модел за основно образование.

второ и трето одделение Дескоска Наставни програми фонд на часови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.