Текст од Јужне вести, Србија
Веќе четврта година по ред IREX индексот за одржливост на медиумите во Србија е понизок од оној во 2000 година, кој се сметаше за најлош. Сепак, падот во последните година дена е најдрастичен досега. По моменталната состојба на одржливост на медиумите, меѓу земјите каде тоа се мери, позади Србија во Европа и Евроазија се единствено Туркменистан, Узбекистан, Азербејџан и Казахстан.
Со индексот на одржливост на медиумите од вкупно 1,46 (на скала од 0 до 4), Србија е на дното на европските земји, а оценките се се полоши.
Само во последните година дена, Србија по IREX индексот забележува пад за безмалку 20 отсто.
Ситуацијата е најалармантна во категоријата „Професионално новинарство“, каде што оценката е едвај поголема од 1, а не е многу подобра ни во „Слобода на говор“ (1,59) и „Разновидност на извори на информации“ (1,47).
Тоа е во најголем дел последица на економскиот и политички притисок на медиумите, се согласија сите учесници на експертскиот тим, кој оценуваше 40 индикатори.
И според „новиот“ Закон за јавно информирање, кој од 2015 година предвидува таканаречено кофинансирање на јавниот интерес во јавното информирање, со кое треба да биде спречено со парите од јавниот буџет власта да купува лојалност од медиумите, ситуацијата во пракса е сосема поинаква.
– Проектното кофинансирање наменето за зголемување на производството на објективни содржини и стории со кои се брани јавниот интерес, всушност е претворено во клиентелистички – медиумски систем, се наведува во извештајот.
Еден од заклучоците на професорката на белградскиот Факултет за политички науки Снежана Миливојевиќ е дека улогата на новинарите и медиумите во српското општество денес е „компромитирана“.
– Новинарските стандарди се компромитирани, а медиумите се политички инструменти. Новинарството е во служба на политички и комерцијални интереси – пишува во извештајот.
Анализирајќи го долготрајното движење на тие параметри од 2000 година наваму, координаторот на истражувањето, Горан Цетиниќ, вели дека со сигурност може да се воочи јасен тренд.
– Карактеристично е дека медиумскиот сектор во Србија е полошо оценет сега отколку во првата година на мерење, кога го карактеризираше недопреното наследство на периодот на Милошевиќ. Полет во демократизација и либерализација на медиумскиот сектор следување во следните три години, но по 2004 година, не случајно во корелација со убиството и последиците на убиството на Ѓинѓиќ, оценките постојано стагнираа или опаѓаа од година во година, до рекорден пад во 2017, во која сите оценки освен во една се драстично пониски отколку во времето на Милошевиќ – вели Цетиниќ.
Цетиниќ нагласува дека станува збор за анализа која по идентична методологија се спроведува ширум светот и дека всушност со тоа се прави веродостојно подредување меѓу различни земји.
Инаку, вкупна оценка на индекстот на одржливост на медиумите се донесува на основа на пет критериуми – слобода на говор, професионално новинарство, плурализам на изворите на информации, работење и поддршка на институциите, а во сите категории состојбата е се полоша. Како што се наведува на самиот почеток на извештајот, 2017 година била „најлоша во поновото сеќавање за српските медиуми“.
Цензура и автоцензура како секојдневие
Економските и политичките притисоци на медиумите, пишува во извештајот, директно се одразуваат и на работата на самите новинари и уредници. Поради тоа и тие самите одлучуваат многу теми да не обработат.
Тоа директно доведува до нарушување на професионалните стандарди.
– Поради стравот да ја изгубат работата, новинарите ги напуштаат професионалните вредности. Прифаќаат автоцензура и внимаваат која тема ја покриваат за да избегнат конфликт со властите или уредниците. Значаен број на важни теми никогаш не се на дневен ред, додека доминираат оние кои служат за интересите на разни центри на моќ – пишува во извештајот.
Инаку, индексот на одржливост на медиумите се одредува во повеќе од 80 земји, според идентична методологија. Сепак, со оваа анализа не се опфатени поедини држави во кои според оценката на многубројни меѓународни организации, особено во последните неколку години очигледен е драстичен пад на медиумските слободи – како во Турција, Унгарија, Малта и Словачка.
*„Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.




