Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: Во Визбегово пронадена мини лабораторија на марихуана

0
By Нова ТВ on September 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 6, 2013 12:56


Министерството за внатрешни работи реализираше случај на неовластено одгледување и производство на наркотична дрога – марихуана со висок квалитет, одгледувана во посебни услови, од специфичен вид на семки која се карактеризира со низок раст и формирање на поголем цвет каде концентрацијата на THC (тетрахидроканабинол) е поголема при што запленети се 80 саксии во кои имало насади од растението “Canabis Sativa“.

Еве го во целост соопштението на МВР:

По претходно добиени сознанија дека лицата К.П.Х. (46) и неговиот брат В.П.Х.(36) во викенд куќа во с.Визбегово, на нелегален начин одгледуваат стебла од растението канабис сатива со цел да произведат наркотична дрога марихуана, а врз основа на Наредба од Истражен судија извршен е преглед и претрес во дом и други простории на споменатите. При тоа во подрумот од куќата во две специјално подготвени и опремени простории пронајдени се: 25 саксии со стебла во висина од 0,7 м до 1 м, 33 саксии со стебла во висина од 2 см до 30 см, 2 саксии со овенати стебла, еден пластичен сад во кој има електричен систем за наводнување и 20 (дваесет) стебла во големина од околу 10 см, рефлектори, термостат, приклучоци за струја, продолжни кабли, вентилатори и др.

Исто така пронајдени се и хемиски препарати и адитиви за прихрана, растење и одгледување на растенија и повеќе паковања со семки од растението “Canabis Sativa“. Пред започнување на претресот во дворот од викенд куќата е затекнат првоосомничениот.

Имено, двајцата пријавени во текот на 2012 година, неовластено од Холандија набавиле семенски материјал кој го донеле во Р.Македонија со намера да го засадат. За таа цел, во подрумската просторија во викенд куќа во с. Визбегово (сопственост на нивната мајка) во која живее В.П.Х., специјално подготвиле и опремиле две простории, на тој начин што инсталирале систем за вентилација на воздух (четири вентилатори и едно алиминиумско црево за вентилација), систем за осветлување (три електрични рефлектори и алуминиумски фолии) и систем за затоплување и регулирање на температурата (еден термометар и два термостати) по што во специјално наменет пластичен сад во кој има инсталирано систем за наводнување, произведувале расад од семенскиот материјал кој потоа го пресадувале во саксии со цел да израснат стебла од растението “Canabis Sativa“.

Во временски период од околу шест месеци пријавените редовно ги надгледувале при тоа управувајќи со системите за вентилација, осветлување, затоплување и регулирање на температурата, ги полевале со вода како и ги потхранувале со хемиски препарати и адитиви, со намера откако растенијата ќе достигнат одредена големина, разгранетост како и откако ќе расцветаат, истите да ги оберат листовите и цветовите од растението “Canabis Sativa“, да ги исушат и произведат наркотична дрога марихуана.

Пронајдените стебла се предадени на вештачење, при што е утврдено дека се работи за растението “Canabis Sativa“ со висок квалитет.

По целосно документирање на случајот до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против К.П.Х.(46) и В.П.Х.(35) и од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”. Во текот на денот К.П.Х. заедно со кривичната ќе биде изведен пред надлежен истаржен судија, додека В.П.Х. во моментов не е достапен на органите на прогон и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.