Влада воопшто не била информирана од косовската Влада за ембаргото кое го воведоа за одредени македонски производи. Затеканати од строгата забрана која од вчера на полноќ ја воведе Косово, во Владата велат дека институциите се во постојана комуникација со цел забраната да биде тргната.
-Не бевме информирани за одлуката, но мерката е тука, таа е реална. Оваа мерка не е добра, со неа ќе претрпи штета и економијата на Косово не само на Македонија. Апелираме забраната да биде тргната, но во исто време разгледуваме и други опции изјави Александар Георгиевски портпарол на Владата.
Од Владата посочуваат дека досега од косовска страна немале никакви реални забелешки. Сметаат дека најверојтно косовската страна на ваков чекор се одлучила поради условниот увоз на брашно кој го воведе Македонија.



