Постојат разлики меѓу ДУИ и сите македонски политички партии по однос на интерпретацијата на Уставот и Рамковсниот договор за употреба на јазиците.
Според македонските етничките партии службен јазик на етничките заедници кои се над 20 проценти од населението треба да се применува на локално ниво, додека пак од ДУИ сметаат дека тоа „треба да се применува и во некои случаи на централно ниво“, изјави за НОВА, потрпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
Оваа тема била отворена на Централното претседателство на ДУИ, дознава Дневник, потпретседателката на Собранието, Сузана Салиу навести дека измените на собранискиот Деловник и на Законот за Собранието, кои треба да ги направи работната група, а кои се дел од препораките од извештајот за 24 декември, е вистински момент ДУИ да го отвори ова прашање.
– Добро е претседавањето на пленумите и на албански јазик да се реши во рамките на работата на работната група. За ова има основа во Уставот – вели Салиу.




