„Не можам, колку и да се обидувам, да ја разберам потребата на министерката за внатрешни работи и во спортот да внесува партиско резонирање. Убеден сум дека спортот треба да не’ зближи и сплоти во поддршката за нашата земја. Така е овде во Словенија, каде сите сме обединети во навивањето. НАПРЕД МАКЕДОНИЈА !!!“, ова е одговорот на Андреј Жерновски до министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Денес, министерката Јанкуловска на својот Фејсбук профил му порача на градоначникот на Центар, кој во моментов се наоѓа во Словенија каде што ги следи натпреварите на македонската кошаркарска репрезентација, дека тој е всушност „баксузот на репрезентацијата“.

„Аман веќе не мора да ги бодри, нека ги остави на раат! Напред Македонија, Жерновски назад дома!“, се написите на министерката.




