Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарска комора: Докторите не се виновни за погрешната политика

0
By Нова ТВ on May 9, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 9, 2018 16:07

Лекарската комора на РМ, смета дека лекарите не се виновни за погрешната политиката која била спроведена во случајот на починатата Тамара Димовска. Од оваа профеисонална асоцијација реагираат и на објавата на имињата на обвинетите лекари и на поднесеното обвинение против 12 лица во врска со случајот Тамара. Реакцијата ја објавуваме во целост.

„Лекарската комора на Македонија  во името на сите доктори искрено жали за смртта на Тамара и сочувствува со болката на семјството Димовски. Меѓутоа, како професионална асоцијација, во исто време,  има обврска кон пациентите и кон докторите да инсиситира конечно јавноста да биде запознена со целосната вистина за овој случај. Комората смета дека за сите недостатоци и проблеми во здравствениот систем не може да бидат одговорни единствено докторите, особено не за погрешните политики во здравството.

Лекарската комора на Македонија и во оваа прилика апелира на неопходноста да се почитува пресумпција на невиност и да се избегнува практиката на објавување на комплетните имиња и презимиња на доктори за кои се поведува некаква постапка пред надлежните институции .

Сметаме дека овластените институции на системот  без влијанија и пристисоци треба да си ги извршуваат своите задачи. Ваквите појави внесуваат голема конфузија и го рушат угледот и достоинството на докторите. Секое објавување на името на оние за кои е покрената истражна или друга постака е прејудицирање на вината и со право може да се смета  дека е форма на притисок врз надлежните институции и јавноста, искривувајќи ја сликата за вистината.

Комората го подржува навременото, објективното и аналитичко информирање на јавноста за сите настани и појави во здравството, но не и предвремената јавна осуда на инволвираните лица и институции, поаѓајќи од неприкосновеното правило за тоа дека секој е невин додека со правосилана судска одлука  не се докаже дека е виновен.

Особено кога  докторите кои се обвинети во слуајот, што трае повеќе од 40 месеци,  информација ја добиваат од медиумите без притоа да го имаат приемно  обвиненитето со листата на докази. Притоа останува отворена дилемата  на прашањето што се случуваше во тој период?!

Од тие причини Лекарската комора на Македонија како професионално асоцијација која  се грижи за угледот и достоинството на докторската професија најосторо реагира на постапката за објавата и на поднесеното обвинение против 12 лица во врска со случајот Тамара“, се вели во реакцијата на Лекарската комора на РМ.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.