Published: Thursday, May 10, 2018 20:09
Деновиве во Струга се одржува годишната конференција за медиуми од Југоисточна Европа. Конференцијата беше отворена од Арлем Дезир претставник од ОБСЕ кој е задолжен за медиумската сфера.
На конференцијата присуствуваат бројни уредници, новинари и директори на медиуми од Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и останатите земји од регионот.
Темите за кои се разговара се предизвиците со кои се соочуваат медиумските работници од овој дел на Европа, се споделуваат искуства и решенија.
Конференцијата се очекува да заврши утре кога е предвидено да се обрати и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.





