Македонија 89, Србија 75. Во еден доста ефикасен натпревар на кошаркарите на Македонија во коj главен адут беше одбраната, Македонија ја забележа првата победа на Евробаскетот во Словенија 2013.
Капитенот на репрезентацијата, Перо Антиќ одигра фантастична одбрана зачинета со дабл-дабл учинок од 16 поени и 14 скока. Бо Меккејлеб забележа 27 поени, додека Владо Илиевски 16. Близу дабл-дабл учинокот беше и Тодор Гечевски кој уфрли 9 поени и 9 скока. Браќата Војдан и Дамјан Стојановски поминаа по 28 минути на теренот како дел од оваа прва победа на македонските кошаркари.
Следен предизвик за „Антиќ и компанија“ кој мора да се добие за шансите да се оди во следното коло да бидат отворени, ќе биде репрезентацијата на Босна и Херцеговина во недела во 14:30 часот.
Од останатите натпревари во нашата група БиХ ја совлада репрезентацијата на Црна Гора со резултат 76-70, додека Литванија беше поуспешна од Латвија 67-59.




