Министерката за надворешни работи, Гордана Јанкулоска веќе седум години нема одговор на клучните прашања за МВР, а позицијата министер ја користи како медиум за политичка манипулација, сметаат од СДСМ.
„СДСМ и граѓаните ја разбираат партиската призма низ која Јанкуловска го чита и применува Уставот и законите. Ние ја разбираме леснотијата со која таа зборува за раководењето со МВР, бидејќи до пред некоја година и самата имаше дилеми околу тоа дали таа раководи со него. Се надеваме дека не е од незнаење, но Јанкуловска треба да ги познава реалните состојби во министерството, дотолку повеќе што како човек што претендира да стане дел од академската заедница, треба да научи да толкува и независни анкети, да одговара и на недоговорени прашања, да чита анализи и извештаи од домашни и меѓународни организации“, изјави на денешната прес-конференција Фросина Ташевска Ременски, потпретседател на СДСМ.
Ременски ги цитираше претходните изјави за време на доделувањето на мандатот на Јанкулоска од страна на владејачката партија, во кое портфолио беа најавени транспарентно работење и неселективната и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата во институциите и во општеството.
Од опозиционата партија побараа од министерката одговорност, пред да одлучи, како што велат, со лични дисквалификации и познатата реторика против СДСМ, да ги занемари фактите и да се задскрива зад волјата на граѓаните.




