Дали новоотовореното училиште „Александар Македонски“ во општина Аеродром е правен субјект или работи на диво? Ова прашање НОВА се обиде да добие одговор од он-лајне регистрациите во Централниот регистер на Македонија, но таму не најдовме правен субјект регистриран како основно училиште под називот „Александар Македонски“.
Потврда за ваквата информација НОВА пораба и од коордиторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Пане Антески, која најави информации во текот на идната работна недела.
Освен ова училиштето работи без назначен директор. Откако свечено пред јавноста беше отворано во присуство на премиерот Грувески и градоначалникот на Аеродром Коневски, советниците на општината дури по почетоткот на учебната година на последната седница одржана пред два дена изгласале одлука за дополнување на одлуката за основање на училиштето, со именување на Слаѓана Настова, професорка по математеката од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ за вршител на должноста в.д. директор.
„Нашите советници на седницата прашаа кој изминатите денови раководи со училиштето, кога ние денес ја именуваме, а одлуката ќе стапи во сила по објавувањето во Службениот Гласник, потенциравме и дека, премиерот во својот говорот на отворање ја поздрави директорката“, велат за НОВА советниците од општина Аеродром од опозиционата СДСМ.
Оваа фукнција таа може да ја обавува најдолго шест месеци, по што училиштето ќе мора добие директор.
Освен директорот за советниците од опозицијата спорно е поставувањето на називот на уличилиштето „Александар Македонски“. Поради што советниците од опозицијата на последната седница на Советот општина Аеродром побарале на писмено да добијат објаснување за постапка и начинот на избор на името.
Како што НОВА веќе објави предлог-одлука за основање основно училиште пред Советот на општина Аеродром била ставена на гласање со оставени празни места онаму каде требало да биде наведено името на училиштето „Александар Македонски“. Советниците од опозицијата за називот на училиштето дознале од „Службениот гласник“ кој излегол на 21 минатиот месец.
.jpg)
Советниците на ВМРО – ДПМНЕ сепак признале дека е направен превид и во записникот од комисијата каде не бил евидентиран предлогот и одрекле дека министерството за образование има некаква улога околу „кумството“ на училиштето, туку тоа било по предлог на советниците од ВМРО – ДПМНЕ.
Односно името го соопштил претседателот на комисијата за статутарни прашања на седницата на комисијата, како советник на ВМРО -ДПМНЕ, а не претставникот од администрацијата.
Спротивно на ова Љубица Јанчева, координаторот на советничката група на СДСМ, за НОВА (03.09) изјави дека од одговорното лице од администрацијата во општината добиле одговорило дека името им било кажано од Министерството за образование.
Инаку неприсуството на советниците од опозицијата на свеченоста на отворањето на „Александар Македонски“ им било кажано дека никој од советниците не бил поканет, присутните биле поканети како партиски членови. Според опозицијата на ово начин е направена уставна повреда според членот 9 став кој предвидува еднаква застапеност на граѓаните независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верско уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.




