Без никакви помагала и врзан во вреќа, 59-годишниот Јане Петков од Бугарија ќе плива во Охридското езеро од Горза до градското пристаниште.
„Го избрав Охрид а не некоја друга водна површина, бидејќи тука е многу тешко да се плива. Охридско има многу струења, подводни извори, а тоа е предизвик за мене. И 500 метри да испливам тоа само по себе е Гинисов рекорд бидејќи ова никој ниту го направил, ниту го прави во светот“, вели Петков.
Неговите први обиди да плива во вреќа, Бугаринот ги направил во базен во родниот град, со успешно препливани нешто над 2 км.
„По анализите направени во биохемиската лаборатотија во општата болница, заклучивме дека нивото на хемоголобин во крвта е под нормалната граница, како и нивото на железо“ стакна Сашо Точков од Црвен крст во Охрид.
Според Петков, неговиот главен адут е посебната техница на дишење и концентрација, притоа контролирајќи ја мислата. Тој верува дека му помага и тоа што е вегетаријанец.
Петков ќе скокне во водите на Охридското езеро во вториник во 9 часот наутро, а поради ризикот од ваквите обиди, ќе го следат и медициски екипи, спасители, и подвижната амбуланта на Црвениот Крст.




