Ако ова го почувствуваа Французите против Германците, па не е страшно да загубиш натпревар од вака искусен тим како Македонија, изјави српскиот кошаркарски селектор Душан Ивковиќ, пренесува српски „Телеграф“.
Селекторот на Србија констатираше дека победникот бил познат веднаш по завршувањето на воведната четвртина, кога Македонија на Србија и даде дури 29 поени.
„Сите останати обиди беа под очекувањата, дури и на крајот. Пробав да ги разбудам играчите, им реков дека не смееме да загубиме со 20 разлика. Тоа беше очајнички обид, неконтролирана игра и неорганизираност“, надополнува славниот Ивковиќ.
Во акциите пет на пет немавме многу шанси. Наша основна задача беше да ја стопираме нивната транзиција, пред се Меккејлеб, но одигравме под нивото на било каков ритам.
Ивковиќ додаде дека одбраната беше најсилниот адут на македонските кошаркари.
– Нивната одбрана беше апсолутно подготвена, немавме поени од контранапад, не знаевме како да го подигнеме ритамот нанатпреварот на значајно високо ниво така што шансите би ни биле погоеми како во првиот меч, заклучи селекторот на Србија.
На вчерашниот натпревар од Евробаскетот 2013, капитенот на репрезентацијата, Перо Антиќ одигра фантастична одбрана зачинета со дабл-дабл учинок од 16 поени и 14 скока.
Бо Меккејлеб забележа 27 поени, додека Владо Илиевски 16. Близу дабл-дабл учинокот беше и Тодор Гечевски кој уфрли 9 поени и 9 скока. Браќата Војдан и Дамјан Стојановски поминаа по 28 минути на теренот како дел од оваа прва победа на македонските кошаркари.




