Откако Косово реши ниту еден камион од Македонија да не влезе на косовскиот пазар поради забраната која е воведена за ограничен увоз на производи од Македонија, од ноќеска секој косовски автомобил ќе мора да плати по 5 евра да влезе во нашата земја, а за секој дополнителен патник тие ќе плаќаат дополнителни 2.
Камионите и автобусите кои ќе влегуваат од Косово во Македонија ќе треба да платат 10 евра, а за секој дополнителен патник плус 2.
>> Косово не попушта: Забраната за брашно- причина за ембаргото
Се чини ова е одговорот на македонската влада, откако премиерот Груевски претходно изрази надеж дека недоразбирањата со Косово ќе бидат надминати, но предупреди дека доколку не се најде решение за овој проблем, и македонската влада ќе одговори.
Како што известуваат косовските власти оваа одлуката за ваквата мерка која Косово ја предвиде за Македонија, се должи на условениот увоз на брашно воведен од владата на Македонија.
На официјалната веб страна на косовското Министерство за трговија стои дека одлучиле да го замрзнат увозот на македонските производи поради блокадата за увоз на брашно која ја воведе Македонија. Забраната се однесува на увоз на жито, брашно, скроб, млеко и млечни производи, производи од зеленчук и овошје, оцет, вино и други алкохолни пијалоци, тутун и производи од тутун.




