Published: Sunday, September 8, 2013 16:22
Со 22 поени на Телетовиќ, и 20 на Џедовиќ како и значајните 12 скока на натурализираниот Босанец Рајт, Македонија го загуби натпреварот против Босна и Херцеговина со резултат 62-54.
Македонија иако влезе со позитива во последна четвртина како и значајното дисквалификување на босанскиот тренер поради две неспортски грешки, шутот не беше на страна на кошаркарите.
Забележителни 19 поени уфрли Лестер Бо Меккејлеб, а капитенот Антиќ 17. Значајно во поразот е што нашите кошаркари упатија дури 25 обиди од кои само 3 успешни.
Следна репрезентација со која ќе се соочиме е Латвија, утре во 14:30 часот, математиките велат, сеуште има шанси.




