Косовските власти најавуваат нови мерки како резултат на одлуката на македонските власти да го наплаќаат влезот на нивните државјани во Македонија. Порталот ФАКТОР пренесува дека Косово целосно ќе ги спуштат рампите за сите македонски производи, а не само за одредени, како досега. ФАКТОР ги пренесува и реакциите на косовските функционери дадени за медиумите во Косово.
„Ние инсистираме ова да биде чисто економско прашање. Владата на Косово прави нови консулатции за да се види кој ќе биде следниот чекор. Секако дека таквите форми на реакција не можат да и прават ултиматум на косовската влада. Во спротивно и ние можеме да ја прошириме забранетата листата на стоки што од Македонија доаѓаат во Косово“, изјави Кусари за косовските медиуми, вели министерката за трговија на Косово, Мимоза Кусари
Владата на Косово нема намера да воведе реципрочни мерки за македонските државјани.
„На тоа ниво ние нема да се спуштаме. Но, на Македонија ќе и покажеме дека ако тие продолжуваат на таков начин да ги третираат косовските државјани, тогаш загубите директно ќе ги почувствуваат во нивната економија. Реципрочни мерки за слободното движење на граѓаните нема да има, затоа што ние сме свесни дека од таквата одлука најголема штета ќе имаат Албанците од Македонија и останатите кои доаѓаат во Косово, секако и Македонците“, изјави за косовските медиумни Кусари.




