Премиеорт Никола Груевски остварил телефонски разговор со неговиот косовски колега Хашим Тачи во обид да се избегне целосната трговска блокада која косовската влада најави дека ќе стапи на сила на полноќ.
Нема информации дека е најдено решени при овој разговор. Во владата се размислува на Приштина да и се понуди на 15 септември Македонија да ја укине забраната за увоз на косовско брашно и таксите кои денска почнаа да се наплаќаат за граѓаните и возилата од Косово а за возврат Косово да ја укине актуелното ограничување на некои производи од Македонија, јави Ал Џезаира Балкан.
Според оваа ТВ станица во владата се разлислува неколкумина министри од владата утре да одат на разговри со нивните колеги во Приштина.
Во Стопансите комори предупредуваат дека трговското ембарго на Косово би било катастрофа за македонската економија.
Како што е познато трговската размена меѓу Македонија и Косово во 2012 беше 320 милиони евра од кои 300 милиони се од извозот на македонски производи на косовскиот пазар.




