Косово нема да се спушта на ниво на кое ќе ограничи слобода на движење со воведување на такси за државјаните на Македонија и покрај тоа што таква мерка превзема владата на Македонија, изјави Кусари Љиља, вицепремиер и министерка за трговија во владата на Косово.
Нашите реципрочни мерки се воспоставени за трговијата и компаниите. Ние не можеме да се спуштиме на нивото да воведуваме такси за граѓаните туку на соседната држава ќе и покажеме дека доколку таа одлучи да продолжи да ги третира граѓаните на Косово на тој начин тогаш загубите ќе ги почувствува директно нејзиното стопанство и нејзиниот буџет. Нема да воведеме реципрочни мерки за ограничување на слободата на движење на луѓето бидејќои тоа би ги погодило и Албанците од Македонија како и оние другите кои доаѓаат на Косово, изјави Кусари Љиља образлагајќи ја одлуката на владата на Косово да воспостави ембарго за увоз на сите производи од Македонија.




