Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчката опозиција против „Република Илинденска Македонија“

0
By Нова ТВ on May 19, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 19, 2018 13:13

Освен грчката водечка опозициона партија Неа демократија која се изјасни дека е против „Република Илинденска Македонија“, предлогот го одбија и останатите опозициони партии.

Претседателката на Пасок и Движењето за промени Генимата рече дека  предлогот значи „враќање на иредентизмот“.

„Се надевам дека Владата на Грција нема да  дојде да преговара за ова име”, рече Генимата.

Шефот на „Река“ Ставрос Теодоракис изрази резервираност за предлогот и посочи дека ставот на партијата ќе го кажат кога ќе го видат целиот пакет за решение за спорот.

Генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција, Димитрис Куцумбас кажа дека тие се противат на вклучување на соседната земја  во НАТО и во ЕУ без  договор со кој ќе се гарантира  уставна ревизија во соседната земја и ќе се елиминираат сите прашања од иредентизам и дека името мора да биде строго географска одредница, што не е загарантирано со новиот предлог “Република Македонија Илинден”.

Претходно, претседателот на Неа демократија Мицотакис рече дека „името е поврзано со историска референца која е поврзана со  создавање на „македонската нација-држава која го вклучува и Солун и се протега до Егејското Море “. Според Неа демократија  „секое повикување на Илинден во името на соседната земја, не само што нема да  стави крај на македонскиот иредентизам, туку го потврдува и го зајакнува. Затоа е дури и неприфатливо да се дебатира“ рече Мицотакис.

Лидерот на грчката партија Унија на центристите Василис Левентис повтори дека тие се против употребата на терминот „Македонија“.

Од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас информираа дека тој имал телефонски брифинг со лидерите на грчките политички партии и  ја повторил владината позиција за сложено име за севкупна употреба и уставна ревизија како предуслов за интеграција во меѓународните организации.

Грчка опозиција Илинденска Македонија Комунистичка партија Неа демократија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.