НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ден Дончев: Лекови на рецепт завршуваат на пазарите во соседни земји

1
By Менче Атанасова Точи on May 20, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на ФЗОМ, Ден Дончев обелодени дека дел од лековите кои се издаваат на рецепт во аптеките завршуваат на пазарите во соседните земји.  Тој тврди дека има сериозни индиции на злоупотреба на лековите на рецепт од некои матични лекари кои потоа во торби се пренесуваат преку граница. Дончев вели дека токму тоа е причината за недостигот на лекови на рецепт после 10.ти во месецот, а граѓаните ги обвини дека создаваат домашни аптеки во страв да не останат без лекови.

Суштината е што Фондот за здравство нема контрола врз рецептите во аптеките, тврди директорот Дончев.

„Ние добоваме фактура од аптека со приложени рецепти, на годишно ниво тоа се 24 милиони рецепти. Единствено што ни останува е да ги прифатиме тие рецепти како веродостојни, дека навистина осигурено лице подигнало лекови на рецепта, но колку лекови подигнало не можеме да направиме без мануелна контрола. Не сакам да прејудицирам ништо, но дека се можни злоупотреби кај одредени матични лекари, се можни. Се слушаат разни шпекулации дека одреден процент од лековите кои се издаваат на рецепт завршуваат на пазари во соседни земји“, изјави Дончев.

Директорот на ФЗОМ смета дека овој проблем ќе биде решен со воведување на електронски рецепт и вмрежување на аптеките и матичните лекари со Фондот. Тој интегриран информатички систем најави дека ќе се реализира постепено во наредните две  години.

„ Без ваков електронски ситем апсолутно се можни злоупотреби. Знаеме од искуството во регионот пред да воведат електонско здравствено досие дека тоа се случувало и нема причина да сме наивни да мислиме дека тоа не се случува и овде. Со воведување на електронскиот систем ова ќе го решиме во наредните две години, а со електронскиот рецепт и многу побрзо“, рече Дончев.

Тој потенцира дека токму за да се спречат злоупотребите се воведени и квотите, односно е лимитиран буџетот за лекови на рецепт во аптеките. Во овој момент, вели Дончев, не постои систем кој ќе покаже колку се троши на лекови или колку би се трошело на лекови доколку кажеме дека не постои буџет. Дончев рече дека во овој момнет има елементи на злоупотреба од страна на матичните лекари, но и елементи на собирање на домашни аптеки од страна на граѓаните.

“ Во смисол дека прибираат повеќе лекови дома токму поради овој психолошки момент дека не веруваат дека ќе најдат лекови. Тоа е еден процес во кој луѓето изгубиле доверба во системот во последните 10 години и тоа ќе се реши само по пат на електронско здравствено досие„рече Дончев.

Токму вчера МВР соопшти дека на граничниот премин “Долно Блаце”  е пронајдена поголема количина на лекови која требало да се пренесат од Македонија кон Црна Гора. Лековите биле спакувани во три куфери, а за нив немало никакви документи. Во возилото се пронајдени големи количини на Ефридол, Аерус, Лексилиум, Дијазепам Тродон, Амоксиклав, Едемип, Ксанакс, Ксеникал, Левитра, Вијагра, Ровамицин, Тестостерон, Креон и Кеналог. Полицијата истражува од каде се овие лекови,  дали има поврзаност со некоја аптека, кој се е инволвиран во случајот и каде требало да завршат шверцуваните лекови. Дали ова има некаква поврзаност со сознанијата кои ги обелодени директорот на Фондот, останува да се види.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.