Published: Monday, September 9, 2013 18:17
„Кирил Поп Христов е човек кој ја сака слободата, почитува и гради паркови, вистински паркобран! Неговото апсење го погоди секој од нас“, се вели во иницијативата на социјалната мрежа Фејсбук.
Присуство најавиле над 450 луѓе, а поддршка кон иницијативата „Собода за Кили“ потпишале над 6.400 граѓани.
Во знак на поддршка вечерва во 20 часот во паркот кај Бристол паркобраните организираат собир, под мотото „Тетовирање кај Бристол“.
„Ќе го прикажуваме „Тетовирање” од Столе Попов каде Кили игра една од своите најпознати улоги“, велата тие.
После собирот, следи DJ сет на Костадин Шурбановски – Шурбе и неформален муабет за третманот што Кили, а и сите ние што го добиваме од државата.




